Posts

Showing posts from May, 2014

Кога последната капка алкохол знаеше да дејствува

Image
Брат, знаеш, во оние моменти кога последната капка алкохол знаеше да дејствува разорно низ моите вени и еластичноста на моите мускули почнуваше да ослабува, срцето ги отвораше своите порти како никогаш дотогаш. Во секој миг од таа состојба од главата ми се одбиваше реченицата дека единствено неа ја посакувам. Девојката која стои пред мене и мисли дека не ја забележувам. Истата таа која ме освои најпрво со еден поглед, а потоа со се' друго што постоеше и припаѓаше на неа. Во тие делови од секундата посакував да ја завртам нежно фаќајќи ја за половината и да ја бакнам така силно како со години да сум чувал страст спрема нејзините прегризени усни. Копнеев да и ги признаам зборовите што умеев да го кријам како бисери во оклопот од школката, да и' се извинам за моето потклекнување пред сопствената суета. Знаев дека не сум способен да сторам ниту дел од тоа. Моите нозе беа речиси неподвижни, мојот јазик ги испреплетуваше гласовите, а мојата гордост градеше упорно ѕид помеѓу мене...

Не го сакав, ама..

Image
Не го сакав. Го сожалував. Толку знаеше да се влечка и да се лигави по мене што немате појма колку ми стануваше одбивен. Го мразев од дното на срцето, ја презирав онаа цинична насмевка со која се одликуваше секоја негова постапка. Чувствував колку ме гуши неговото присуство таму каде што требаше да биде присутен некој друг дечко од моите соништа. Не ми се допаѓаше. Изразот на лицето секогаш му беше неутрален, не знаеше да изјави љубов ниту да покажи внимателност. Всушност како да сакаше само да ме провоцира со неговиот насилен став, со неговиот пригушен егоизам. Не мислев на него. Не, само во оние часови кога се наоѓаше покрај мене размислував за тоа дека никогаш не би се замислила со овој идиот кој стои спроти мене. Му се смеев во фаца, го сметав за беден неранимајко кој има карактер рамен на нула. Ми одеше на живци таа негова глупава прегратка во која не знам зошто ми беше пријатно, но го одбивав тој факт сметајќи дека можеби е така поради подолгото неприсуство на машка личност во м...