А, таа насмевка беше најубава

Скршена од болка, се смееше. Се смееше гласно како нејзиниот свет да е преполна градина миризливи цветови. Пленеше со убавина, опиваше со гордост, одбиваше со високо дигната суета. Кој би помислил, нели. Кому би паднало на памет дека таа рана не заздравува. Кој би верувал дека после него не љуби. Ноќите и` беа непријатели, тогаш кога не гледаше никој, тогаш кога далеку од светот се гледаше во огледало. „Престанете, проклетници!“-молеше додека се слеваа солзите како водопад бришејќи ја секоја трага од шминката на радост. Тие некако не знаеја за доста. Тие не знаеја за верност. Тогаш како најосамена да беше. Ниеден странец во нејзиниот живот, ниеден пријател, ни љубовник. Таа и ноќта. И таа проклета ноќ која ја мразеше. Барем да сонуваше. Ама и сонот ист како на стара видео касета се моташе. Допир. Се наежува. Бакнеж. Близина. И очни капаци кои не сакаат да се разбудат во оваа реалност. Мораше да биде исто. Мораше да се буди пак. Да се нашминка во најубедливата насмевка, да се облече на...