Го чекав таа вечер


Го чекав таа вечер. О, и тоа како. Го чекав сама на тремот со поглед меѓу трепки сокриен, осјаен од надежи испреплетени со болка. Го чекав и ниеден збор не кажав...како да ќе дојде, а знаев дека нема. Се опив во сопствените мириси, го врежав најубавиот парфем на голата кожа која ветерот ми ја студенкаше. Можеби по него ќе ме познае, ќе истрча од далечини да ме почувствува, да се присети, да се врати во она лето кога со насмевки чекореше кон нотите на ирисот во градините на моето срце. Го чекав со коси послани во небесните раскоши. Трепереа за допирот негов, толку долго непочувствуван, а сепак незаборевен. Ги бараа прстите негови, да се исплетат низ бујните прамени, да се поврзат за години, да се сплотат за векови. Седев на прагот чекајќи го. Мракот осамна, а месечевата светлина ми даваше таен знак. „Каде ли е? Уште колку време нема да ми се враќа? Уште колку дена ќе биде туѓ?“ Ѕвездите се сокрија во облаковата утроба, како и тие да бегаа од прашањата неодговорени. Го чекав јас и покрај сè. И чадот од цигарите мојот поглед го наросуваше, и неговиот омилен пијалок солзите ми ги засируваше. Ќе дојде, некогаш. Ќе се приближува од далечина до мојот праг, со чекори тивки. Ќе се појави како силуета, а јас ќе избегам. Пред да ме здогледа ќе побегнам. Како ранета срна ќе трчам, да не ме задушат сопствените чувства, да не излезат на површина..Да не ме натераат да му простам. Ќе исчезнам и ќе знам.. „Се врати тој, а мене повеќе ме немаше.“

-Кристина Цонкинска, 2015





Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..