Posts

Showing posts from July, 2015

Човече, да ти кажувам..

Image
Човече, да ти кажувам.. Не знам оваа некоја епидемија влезе во животецов мој. За три ноќи со глупави срања се наполнив, до гуша сум, излез не гледам. Ми вика и хороскопов: „Ви се зголемуваат додворувачите“. А кој додворувачи, жити сè? Еден девојката си ја вара, друг од мене чуда бара, трет во досада ме тоне. И после „зошто сум била сама, а така убава“? Па што знам, ако треба и три животи вака ќе протуркам, ама со расипан не се расипувам. И неќам како потпис на нечија листа да се гледам, па Бог да чува, не се избори ова па да ме заокружи некој сељак. И ми велат на кафе, расеана си. Абе никако оваа расеаност моја да помине. Таман една корпа делам, морам контенјер да спремам. И не е дека јас сум пребирлива, луѓето не чинат. Не дека љубов не ми треба, само ја нема. Кај да барам љубов во овој отпад на стара навика? Слободна ќе си бидам. Расеана ќе си бидам. Што знам, ни убаво ни грдо не е. Фала Богу што мисливе да ми ги читаат не знаат. Таму сите по еден куршум добиваат. Поштен, за памет...

На чекор од неа, никогаш до неа

Image
Толку многу ја имаше. Чудесно многу ја имаше. Колку и да се вртев, менував насоки, патеки, крстосници, излези, таа секогаш се наоѓаше токму во оној сокак каде срцето престануваше да верува на разумот. Ја имаше околу мене, а проклето и во мене. Себично ми ги заробуваше мислите. Некако не знаев да си помогнам кога толку блиску до мене ја гледав. Можеби и од себе ја бркав, ја туркав некаде подалеку, да не ја види мојата љубов, да не сфати дека победила во моите битки, да не дознае дека луд сум по неа. Таа беше толку спокојна. Како да и` годеше овој немир кој во мене го создаваше, па си заминуваше насмеана. Со поглед ме опиваше, а потоа на земја ме симнуваше со таа горка ладнокрвност. Беше ничија, а најмалку моја. Беше сечија, а секогаш сама. За мене беше посебна. Знаеше да ме заведе најбрзо од сите девојки кои се наоѓаа околу мене, најбавно да ме заледи и пак да ми се врати токму кога ќе ја заборавам. Таа никогаш не беше моја, а толку многу ја имаше во мене. Со насмевка ми ги претвораше...

Премалку за крај

Image
Сега кога знам дека е предоцна за соништа..Сега кога знам дека заминуваш, а јас немоќна да проговорам останувам со илјадници прашања во усните празнини стиснати, гризам усни, кријам солзи, бришам спомени.. Невозможно е. Те има толку многу насекаде, во мене, околу мене.. Те има како призор и будна сонувајќи те, те барам во секој допир, во секој поглед низ трепките сокриен. Толку те има, а никаде те нема. Каде ли си, каде ли си оваа ноќ кога најсилно боли, кога морам да се соочам..Кога реалноста добива поинаква слика од мојата замисла. Земи го бар овој данок на љубов кој остана како прав по улиците кои сега сосем сама ги минувам.. Врати се и допри ме барем уште еднаш, да се вратат тие чувства со тебе, да се обнови таа радоста која избледува од моето лице. Да можев и би го украла воздухот од улициве, само за да го прошепотиш моето име уште еднаш во далечина. Да можев сè би ти кажала..Да можеа овие зборови да излезат од душава моја немирна, без тебе откината, од љубов незакрпена. Можеби и...

Нескршлива!

Image
Долгите коси ги беше распуштила на ветерот и секој прамен како симбол кој ја отцртува нејзината болка натежнуваше над кроткото немоќно тело. Сјајот се беше отсликал, од сонцето, од небото, од далечините, од рефлексијата кон нејзиниот поглед кој беше го собрал секој детал од небесниот свод. Рацете и` беа склопени, час за молитва, час за среќа, вечност за тага од непребол кон битките изгубени. Уморна беше одамна, а никогаш побудна не била. Борбена беше сè уште, а никогаш послаба не се чувствувала. Стоеше гледајќи горе, очекувајќи дождот повторно да паѓа, да нападне од сите страни, онака како што секогаш знаеше да прави, да врне без да запре, да ја накисне повторно и да ја остави сама. И стапките нејзини ги одбројуваа деновите во кои газеше во пустината на сопствената душа. Неколку камчиња само расфрлани од врелата песок, ниеден дијамант, ниеден скапоцен камен кој може да го сочува како амајлија за трајна среќа. Повеќе не чекореше од љубопитност, тие желби одамна ги згаси со пламенот на ...