Без ветувања!

Те имав без да знам дека те имам. Те немав и сфатив дека никогаш не сум те ни имала. Те изгубив без да сфатам дека некогаш беше мој. Не сум тажна, погледни длабоко како некогаш во мојот изгубен поглед. Јас навикнав луѓето да ги губам. Очекував да се слизнеш од моите раце, уште пред цврсто да ја стегнам твојата дланка. „Барем еднаш да се јавеше“- помислував себично, а набрзо реалноста како крпа ги бришеше моите лажни надежи. Туѓ си. За мене само странец со убави сеќавања кои знаат да болат и посилно од ова. „Каде одиш, чиј странец си оваа вечер? Ги паметиш ли моите зборови?“ Се сеќаваш на погледите доцна во ноќта кога замина и избриша сè од мене? Само ветерот немирен кога остана да ги мрси моите коси растурени од твоите раце, само парфемот остана твој на мојата кожа како амајлија која ветува дека ќе се вратиш. Без ветувања, ми рече. Без надежи, ме опомена, а јас немоќна да се справам. Јас, не сакав да верувам дека не верувам во тебе. Јас сакав да лажеш. Сакав да ме сакаш и тоа да не...