Posts

Showing posts from May, 2016

Ако јас сум прашање, измисли одговор..

Image
Ако те праша.. А, ќе те прашува. Многу ќе прашува со прашален сјај во очите. Не е тој јас, ќе се интересира. Злато, нема да жалиш никогаш. Ако те праша зошто таа песна ја пееш со горка сласт на усните, потисни го под забите мојот лик, проголтај ме, излажи. Речи дека ти е омилена. Не кажувај зошто. Речи му дека на него те потсеќа. Речи дека со таа песна ти влегол во срцето. Ако те праша од каде тој сјај во очите додека тивко стиховите ги шепотиш, прегрни го. Тивко за мене заплачи и речи му дека си среќна со него. Тогаш и за мене насмевни се. За мене и за оние што ме љубат, бидејќи ти никогаш не беше дел од нив. Повторувај си дека ме мразиш. Навидум и треба. Јас сум тој кој се лажеше дека никогаш нема срцето да ми го кочат тие твои зелени очи. Те слушав, во далечини како објаснуваш, со рацете мавташ, со гласот ги сопираш другите да зборуваат. Грутка во грлото ми застануваше. И, ќе се појавев. Како гром од ведро небо, како цвеќенце кое од под снегот подига глава. Јас сакав да те гал...