Posts

Showing posts from June, 2016

Ти простувам сè

Image
Ти простувам сè. Заборави ме и оди си. И ако некогаш се свртиш случајно, и ме видиш како стојам на дното на твојот живот, сети се дека бев тука и тогаш кога ме бркаше. Ако ти падне тага над очите дека и како пријател ме изгуби, сети се дека јас никогаш ни пријател не ти бев. За пријател ставаш рака во оган, јас за тебе ставав две. Јас за тебе се борев против сите, додека сите против мене се бореа. Не вредеше. Извини. Сите чекориме по трнливи патеки, знаејќи дека после ќе крвари. Дека ќе боли. Се борев за невозможното. Прости ми, јас сум безнадежна. Јас сакав нешто поинаку да заврши. Бев себична. Сакав само да ме погледнеш. Да ме почувствуваш. Се лажев. Ти никогаш тоа не го направи. Замини, те молам. Твоето присуство само ме загушува. Ме тера да голтам солзи и горчливи насмевки да цртам. Не знаеш ти сè. Не знаеш ти ништо. Не дознавај подобро. Само прости ми што те сакав, бидејќи поинаку не можев. -Кристина Цонкинска, 2016

Додека друг бираш..

Image
Многу од тебе кријам, и себеси од тебе се кријам. Бидејќи знам дека додека друг бираш, за мене ќе липаш и сликите ќе ги кинеш со голи раце.. И песната ќе ја слушаш што на мене те потсеќа, и филмот што првпат ти го предложив. И дури зората догорува тажни љубовни текстови ќе читаш. И не е дека повеќе нема да сакаш да ме видиш. Ни гласот да ми го слушаш. Ќе сакаш, многу ќе сакаш.. Само за да ми речеш еднаш конечно: ехееј, среќна сум. Без тебе среќна сум. За уште еднаш да ме убед иш дека не ме сакаш веќе. Палавке мала, осеќам јас кога толку блиску до тебе стојам, осеќам во дишењето твое колку мене ме има. Се препознавам. И твоите очи, крупни, зелени. И тие нека лажат колку сакаат. Мои ќе бидат тие. Ќе ги бакнувам скришум со поглед. Ќе ти викам:„ Со среќа, песна ќе ти порачам“. Ќе знам дека химна ќе ти стане. И како дете кое направило белја, ќе се смеам и ќе трчам. Ќе бегам за да ме стасаш уште еднаш, и за пак да ти избегам. Ќе те фаќам за образи и ќе ти викам: „Грда.“ И споменарот ќе ти г...