Додека друг бираш..

Многу од тебе кријам, и себеси од тебе се кријам. Бидејќи знам дека додека друг бираш, за мене ќе липаш и сликите ќе ги кинеш со голи раце.. И песната ќе ја слушаш што на мене те потсеќа, и филмот што првпат ти го предложив. И дури зората догорува тажни љубовни текстови ќе читаш. И не е дека повеќе нема да сакаш да ме видиш. Ни гласот да ми го слушаш. Ќе сакаш, многу ќе сакаш.. Само за да ми речеш еднаш конечно: ехееј, среќна сум. Без тебе среќна сум. За уште еднаш да ме убедиш дека не ме сакаш веќе. Палавке мала, осеќам јас кога толку блиску до тебе стојам, осеќам во дишењето твое колку мене ме има. Се препознавам. И твоите очи, крупни, зелени. И тие нека лажат колку сакаат. Мои ќе бидат тие. Ќе ги бакнувам скришум со поглед. Ќе ти викам:„ Со среќа, песна ќе ти порачам“. Ќе знам дека химна ќе ти стане. И како дете кое направило белја, ќе се смеам и ќе трчам. Ќе бегам за да ме стасаш уште еднаш, и за пак да ти избегам. Ќе те фаќам за образи и ќе ти викам: „Грда.“ И споменарот ќе ти го украдам за себеси да се прочитам. Ќе те прашувам како со него за да те изнервирам. Знам дека ќе го одбереш најубавиот. најпаметниот, најзгодниот. Бидејќи таков е оној кој најмалку те заслужува. Ќе застанувам пред огледало и со него ќе се споредувам. Ќе испечатам слика негова, и скришум ќе ја погледнувам. За цинично да се смеам, за машкоста да ја кревам. За да викам „Грдата грд најде“. За да викам дека јас сум поубав, и дека никогаш не си ме имала. И дека со него нема да ти успее. Ама жив да се изедам дека со мене не ти успеа. Да те сонувам тебе, и таа твоја небесна висина, и крупните очи, и да, таа незгодна насмевка.

-Кристина Цонкинска, 2016

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..