Posts

Showing posts from May, 2017

„Странец во ноќта“

Image
Ги гледав оддалеку. Таа го беше облека својот вечерен фустан. Прамените од нејзината коса паѓаа надолж голиот грб, а потпетиците кои ѕвечкаа по темните улички беа преголем товар со кој се бореше во доцните часови. Тој товар не беше ништо за разлика од товарот кој го чувствуваше помеѓу нејзините гради. „Ќе се појави ли некаде во оваа ноќ? Ќе дојде ли да ме застане, да ми рече, моја си, не си оди, да ме фати за рака и да ме одведе во неговите светови?“ Нејзините другарки можеби и не забележаа кога таа ја напушти ноќната забава, обвиткани во топли прегратки и алкохол во нивната крв. Тие играа. Танцуваа на месечевата светлина, на отворениот ноќен клуб, како оган под ѕвездите кој гореше и оваа јунска ноќ. Таа се дружеше со солзите и ги преколнуваше да запрат. „И онака никој не гледа. И онака ноќта знае да избрише сè, и црниот фустан под колената, на него капнуваа и се губеа во црнилото кое го отсликуваше нејзиниот карактер. Милион порази, а толку успешна девојка. Илјадници таги и солзи, а ...

„Љубов“ те потпишав

Image
Те испишав на празен лист. „Љубов“ те нареков. Нели е рано? Каде брзаш? Трчавме низ планинските патеки, и на животот му се смеевме, потписи на нашите срца си ставивме, и тетоважа на голиот грб. Не мислев дека ќе е волшебно. Не мислев дека нема да знам што друго да додадам до името твое. Љубов само напишав. Па, нели писателите се тажни луѓе? Да, и кога престанат да бидат тажни, престануваат да бидат писатели. Па кој би рекол? Твоите очи приказна ми пишуваа. Те сакав и копнеев по тебе кога толку близу ми беше. А далечините, тие хоризонтите ми ги стеснуваа. Тие во темните ноќи стихови ми пишуваа. Кој би рекол, љубов? Кој би рекол дека ние? Седевме на работ на нашите животни стории, кажувавме двосмислени работи, пиевме ладно пиво и меѓу срцата врели воздишки испраќавме. Ми рекоа еднаш порано дека среќата доаѓа еднаш во животот. Доаѓа за да те убеди дека претходно не си знаел што е среќа. Да ти докаже дека постојат нешта поголеми од најголемите. Дека постојат љубови над љубовите. Срца над с...