„Странец во ноќта“
Ги гледав оддалеку. Таа го беше облека својот вечерен фустан. Прамените од нејзината коса паѓаа надолж голиот грб, а потпетиците кои ѕвечкаа по темните улички беа преголем товар со кој се бореше во доцните часови. Тој товар не беше ништо за разлика од товарот кој го чувствуваше помеѓу нејзините гради. „Ќе се појави ли некаде во оваа ноќ? Ќе дојде ли да ме застане, да ми рече, моја си, не си оди, да ме фати за рака и да ме одведе во неговите светови?“ Нејзините другарки можеби и не забележаа кога таа ја напушти ноќната забава, обвиткани во топли прегратки и алкохол во нивната крв. Тие играа. Танцуваа на месечевата светлина, на отворениот ноќен клуб, како оган под ѕвездите кој гореше и оваа јунска ноќ. Таа се дружеше со солзите и ги преколнуваше да запрат. „И онака никој не гледа. И онака ноќта знае да избрише сè, и црниот фустан под колената, на него капнуваа и се губеа во црнилото кое го отсликуваше нејзиниот карактер. Милион порази, а толку успешна девојка. Илјадници таги и солзи, а толку причини за насмевка. Па, неа и се воодушевуваа. Стотици негови другари сè би дале за да ја имаат барем една за вечер. Тој можеше да ја има секоја вечер. Тој можеше да ја сака и посакувана да ја направи. Тој избираше лудост наместо љубов. Одбираше тишина наместо зборови. Одбираше да бега, наместо да се соочи. Тој беше кукавица во душа, сокриена позади ѕидовите на цврсто тело.
Се движеше полека во ноќта, бестрашно, гордо, инаетливо. Никогаш не му беше сеедно кога стануваше збор за неа. Секој збор напишан, и исцртан симбол на неговиот зглоб, сè она што тој го има, неа ѝ припаѓаше. Тој знаеше дека ја губи. Знаеше, но никогаш не дозволи целосно да замине. Се појавуваше секогаш кога таа мислеше дека ја заборавил. Се јавуваше секогаш пред таа да се откаже. Знаеше да биде по малку луд и незаборавен. Можеше да ја погази и нејзината гордост како сув лист под чевлите. Да ја натера да заборави како е кога го нема. Да ја натера да верува дека секогаш тука ќе биде. А, немаше. Проклето длабоко во себе знаеше дека нема да биде тука. Еден ден ќе исчезне. Ќе го однесе ветерот на некое место недостојно за нејзината гордост, достоинство, цврст карактер. Тој беше свесен дека не ја заслужува. Но, никогаш не призна дека се навикнал на неа. На нејзината насмевка кога ја мести разбушавената коса од ветерот. На нејзините чекори кога тивко и срамежливо му се приближува. На нејзината љубов и толеранција. Срамежливост и упорност.
Таа сè му простуваше. Ноќите кога тој не беше тука. Му го прости и тоа што беа толку блиску, но далечни. Му ги прости сликите на кои го немаше. Ветувањата кои во воздух останаа. Девојките кои неговата убавина ја впиваа. Му ги прости сите невини погледи, и огромните сини очи кои од тага полудуваа. Тој никогаш не беше толку храбар. Беше силен и решителен, но храбар никогаш. Никогаш не доби храброст да ја убеди. Да го тргне оној сомнеж во нејзините плашливи очи. Неспособноста ја криеше далеку позади цврстината во неговиот карактер.
Месечината имаше некој посебен сјај. Тој сјај му одѕвонуваше во ушите. Му шепкаше насекаде по неговото тело. Рацете му се тресеја додека повторно го бираше нејзиниот број. „Само уште сега да ја видам, како солзите ги брише и погледот го крие, и како црниот фустан не умее да ги сокрие прекрасните облини на нејзиното тело. И како тагата се брише секогаш кога јас пишувам барем еден нов збор.“ Копнеж за нејзините допири му ја галеше секоја црта од неговото лице. Беше среќен и заљубен, пијан и луд. И му недостигаше нивната љубов. Му недостигаше тогаш и кога до неа беше. Само што никогаш не ѝ кажа. Само што го галеше нејзиниот гол грб и тишината ги полнеше празнините меѓу нив. Само што не сакаше да оди никаде оваа вечер подалеку од допирот на нејзиниот прст. Без ветувања- се сепна. Мускулите му замрзнуваа, насмевката му противречеше, а таа под неговиот допир трепереше. Таа и меките прамени од нејзината коса, и прикриените солзи кои навестуваа некое зло. Тој знаеше дека не е човек кој знае да остане. Но никогаш не дозна на кој начин би можел да замине од неа. Ѝ беше само странец во ноќта, чиј поглед ѝ значеше сè на овој свет
-Кристина Цонкинска, 2017
Comments
1) Врати се дечко
2) Повторно обединете маж или жена
3) Ако имате кошмари
4) Исцелување на ХИВ и рак
5) Моќен магичен прстен
6) Магија за среќа
7) Раскинување на опсесијата
8) Проблеми со породувањето и бременоста
9) среќен лотарски број
Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619
Post a Comment