Posts

Showing posts from August, 2015

Странец со познат парфем

Image
Го сретнав токму тогаш кога помислив дека веќе сум го заборавила. Беше сменет и туѓ. Беше сè уште мој. Беше бескрајно туѓ со моја насмевка. Беше странец со познат парфем. Беше најмил, а несуден. Го сретнав и знаев дека после таа средба, заборавот никогаш веќе нема да ми мириса на него. Го одминав, а знаев дека ќе се свртам пак по него и ова тука нема да заврши. Го гледав како виновна, а бев најкротна и најневина. Ме гледаше меѓу трепки како да сакаше да ми се извини, како да сакаше да му простам бидејќи друга љуби. Како да сакаше во солзи да ми каже дека е доцна, дека повеќе никогаш нема да биде мој. Го гледав како да го знам сето тоа. Без тронка суета, со детски очи, велев дека сум спремна. Спремна сè да му простам, само за една прегратка. Ја стегна мојата дланка, и лесна воздишка проструи низ моите растреперени усни. „-Беше најмил и проклет. Беше туѓ и те сретнав после толку години. Беше тој кој го уништи мојот живот, а истовремено тој без кого животот ме уништи мене. Ти припаѓаше...

Твојата нова мала

Image
Не е дека сакам споредби, ама со неа и да се споредувам не можам. Гледајќи ја се чудам како после мене се изопачил твојот вкус за девојка. Или можеби пак јас сум била таа што не се вклопува во низата. Слушам те сакала, многу. Ти неа па, уште повеќе. Значи, љубов од соништата била таа твоја нова мала. Јас, како бивша логично да бидам љубоморна, ама некако тешко ми оди да најдам причина. Имала брат од Швајцарија, братучед од Русија, имала кеш и постела отворена. Имала живци за твоите срања, кутрата. Си ја запознал со фамилијата, ја фалеле низ цело село. Многу и вредна ти била, помагала. И напати кај тебе преспивала. Значи, сон од девојка. Ем домаќинка, ем љубовница, ем заштитничка. Блазе тебе, би рекле! Ама тогаш мил мој, ако е тоа права ствар што си ја бараш мајката во моите текстови? Што погледи ми фрлаш секогаш кога сам покрај мене поминуваш? И телефонот од скриени броеви што не може да ми куртули? Зошто братучедите, и роднините, и познаниците твои поздрави ми испраќаат? Затоа што ле...

Не беше таа за мене

Image
Бев со неа, другар, а не беше таа за мене. Не беа за мене тие толку убави сјајни зелени очи, ниту долгата костенлива коса. Не беа за мене тие ковчести раце, долги прсти и тенки дланки. Кога ги допирав, јас ги повредував. Кога ги галев јас ги кршев. Не беше за мене таа преубава насмевка, тие бели заби кои ѕиркаа од усните празнини и онојпат кога не заслужував да ја гледам пред моите очи. Не беше за мене тој тенок струк, таа витка става, тоа тело од соништата на сите мои другари и познаници. Кога ја гушкав чинев ќе се скрши во мојата прегратка, ќе се заледи во моите камен -ладни раце, ќе ја снема. Се плашев дека кога до мене стои, така толку убава и заљубена, толку топла и на мене посветена, нема да бидам способен да ја чувам. Се плашев дека нема да ја пазам, дека ќе го претворам дијамантот во камен, дека ќе се лизне од моите раце, а нема да бидам спремен да ја фатам. Ја гледав секогаш сè повеќе и повеќе. Ја анализирав. И се чудев, не верував. Се прашував што виде таа девојка од соништа...

Тој некој не си ти! Тој некој ти никогаш не беше!

Image
Прашај ги нив. Сите нив прашај ги! Прашај ги дали со друг ме видоа минатата вечер. Нека кажат, едвај чекаат да кажат. Како од пушка нека одговорат. Нека створат сојуз од љубопитност и одмазда. Нема да те лажат овојпат. Овојпат нема да се тоа „градски муабети“: Ќе те заболи вистината, дури и да не сакаш. Ќе ти продре во срцето длабоко некаде. Ќе кршиш. Ќе пцуеш. И десет цигари во пет минути ќе запалиш. И три вотки на екс ќе испиеш. Ќе збеснуваш. Од инат ќе излезеш. Девојка ќе бараш, по одмазда ќе плачеш. Ќе ги сретнеш и оние на кои до вчера срцата им ги корнеше. Нема сами да бидат. Ја научиле твојата лекција, драги. Со некој кој ги заслужува ќе те судрат. Нема да постоиш, сфаќаш? Најосамен ќе се чувствуваш. За првпат. Грозно чувство, нели? Кожата ја ежи, солзите ги буди од длабок сон. Кој-ти да плачеш? Кралската гордост да ја извалкаш? Ти - да молиш? За љубов ли да молиш? Што е најтрагично, ќе ја нема ни онаа една кај која се враќаше после секој љубовен пораз. Ќе ја нема таа девојка, с...