Твојата нова мала

Не е дека сакам споредби, ама со неа и да се споредувам не можам. Гледајќи ја се чудам како после мене се изопачил твојот вкус за девојка. Или можеби пак јас сум била таа што не се вклопува во низата. Слушам те сакала, многу. Ти неа па, уште повеќе. Значи, љубов од соништата била таа твоја нова мала. Јас, како бивша логично да бидам љубоморна, ама некако тешко ми оди да најдам причина. Имала брат од Швајцарија, братучед од Русија, имала кеш и постела отворена. Имала живци за твоите срања, кутрата. Си ја запознал со фамилијата, ја фалеле низ цело село. Многу и вредна ти била, помагала. И напати кај тебе преспивала. Значи, сон од девојка. Ем домаќинка, ем љубовница, ем заштитничка. Блазе тебе, би рекле! Ама тогаш мил мој, ако е тоа права ствар што си ја бараш мајката во моите текстови? Што погледи ми фрлаш секогаш кога сам покрај мене поминуваш? И телефонот од скриени броеви што не може да ми куртули? Зошто братучедите, и роднините, и познаниците твои поздрави ми испраќаат? Затоа што леб дома не ти месев, ама ВРЕДЕВ. Затоа што в постела не ти влегов, А МОЖЕВ. Затоа што не бев љубезна, А САКАВ. Затоа што не ти простував, туку ТИ ВРАЌАВ. Затоа што кога беше лош, ПОЛОША БЕВ. Кога беше идиот, КУЧКА БЕВ. Кога ме повреди, ЗЛОБНА БЕВ. Кога ме засака, ТЕ МРАЗЕВ!

-Кристина Цонкинска, 2015


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..