Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!
Ама, како што се рекло љубомората е болест, па и да не речам епидемија од која се заразуваат луѓето едни од други. Ако на еден почнеш да му сметаш, автоматски и друштвото негово те мрази. Па фамилијата негова те колне, па роднините нивни те презираат. А, ти седиш и грешката во себеси ја бараш. Се чувствуваш и омразена. И невредна. И неважна. Ама, чекај.
Немој, другарче. Немој! Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе, како што погрешните луѓе не се плашат да те изгубат тебе. Залудно правиш добрини, кога од бел лист со црна дамка, само дамката ти ја гледаат. Остани присебна. Остани посебна. Не се плаши од нив. Тие, тие сите што ти викаат дека не можеш, тие се плашат дека можеш. Тие не можат. Тие мислат дека можеш. Тоа нив ги убива. Твојата моќ немоќни ги прави. Не, не слушај што другите зборуваат. Слушај се себеси. Тој глас е најдлабок, тој глас е најтешок за слушање, а најгласно вреска, најтивко шепоти, најмоќна порака ти испраќа. Не стравувај дека ќе ги изгубиш нив, бидејќи нив никогаш не си ни ги имала. Вистинските луѓе не се губат. И престани упорно во себе грешката да ја бараш. Ако се чувствуваш во нечие друштво осамена, значи си. Ако се чувствуваш отфрлена, значи си. Ако се чувствуваш изневерена, значи си. Верувај ми, чувствата никогаш не лажат. Луѓето лажат. Многу лажат. Не им верувај нив. Верувај во себеси!
-Кристина Цонкинска, 2015
-Кристина Цонкинска, 2015
Comments
Post a Comment