Posts

Showing posts from December, 2015

Ако треба да заминеш ..

Image
Ама, нели, она од што се плашиш најбрзо те стигнува. И дури си трепнал ќе сфатиш дека си гол до коска и душата некој ти ја соблекол како стара марама околу вратот. Ти ја соголел и сега си како книга прочитана која не зборува ништо. Сакаш илјадници работи да кажеш, ама сè си покажал. Еден поглед те издал, оној кој не се трга од ликот кој ти е пред очи и тогаш кога далеку од тебе сонува. Една насмевка те издала, онаа кога сам се фаќаш како се смееш гледајќи ја неа насмеана. Што ќе се тука зборови, ќе речеш. Ама, таа ќе ти рече. Ќе ти вика, за чувствата да зборувате. Ќе сака да слуша, верува таа во зборови, поет е на својата судбина. Не зборувај ништо тогаш. Молчи. За чувствата со молк врескај. Со бакнежи цртај ги, бои ги со прегратки, со стисоци на дланките, со скришни погледи отсликај ги. Портрет направи ѝ. И таа се плаши. Ама ќе те љуби. Уште повеќе и од тебе. Повеќе отколку самата себе. Таа ја има таа моќ. И тогаш кога ќе помислиш дека време е да заминеш, прегрни ја. Во чело бакни ја....

Врати ми се, нема погрешно време!

Image
..Ама,кажи ми ти другарке..Ти кажи ми бидејќи тебе единствено ти верувам. Да го сретнев другде ќе го сакав ли помалку? Другде, знаеш. Под други околности, во друго време, меѓу други луѓе.. Некогаш кога немаше да бидам осамена, кога немаше скршена да бидам, кога насмевки немаше да допираат до моето срце. Ќе го забележев ли?  Да не го сретнев илјадници денови пред да го сретнам навистина, ќе го заса кав ли тогаш? Ќе го гледав ли тогаш така како што тој ме гледаше, без да трепне, заводливо, опојно, смртоносно.. Да не бев тука оној ден, оној ден кога вистината соништата ми ги сруши, ќе верував ли сè уште во лаги? А што ако го снемаше, пријателке? Ако не се појавеше тој, кое сонце мене ќе ме згрееше? На чија насмевка јас ќе се радував? На кого желбите ќе ги трошев? Го сакав. Знаеш колку. Мориња плачев додека не се оттргнам заобиколувајќи ја сопствената судбина како пеколна рака, крпејќи ја со денови и месеци..Болеше, проклето. Мораше така. Го сакав ама ќе се уништевме. Јас себеси и него...