Врати ми се, нема погрешно време!

..Ама,кажи ми ти другарке..Ти кажи ми бидејќи тебе единствено ти верувам. Да го сретнев другде ќе го сакав ли помалку? Другде, знаеш. Под други околности, во друго време, меѓу други луѓе.. Некогаш кога немаше да бидам осамена, кога немаше скршена да бидам, кога насмевки немаше да допираат до моето срце. Ќе го забележев ли? 
Да не го сретнев илјадници денови пред да го сретнам навистина, ќе го засакав ли тогаш? Ќе го гледав ли тогаш така како што тој ме гледаше, без да трепне, заводливо, опојно, смртоносно.. Да не бев тука оној ден, оној ден кога вистината соништата ми ги сруши, ќе верував ли сè уште во лаги? А што ако го снемаше, пријателке? Ако не се појавеше тој, кое сонце мене ќе ме згрееше? На чија насмевка јас ќе се радував? На кого желбите ќе ги трошев?
Го сакав. Знаеш колку. Мориња плачев додека не се оттргнам заобиколувајќи ја сопствената судбина како пеколна рака, крпејќи ја со денови и месеци..Болеше, проклето. Мораше така. Го сакав ама ќе се уништевме. Јас себеси и него. Тој мене и себе. Двајцата пепел ќе се сторевме. Од пламенот меѓу нас што гореше сами ќе настрадавме. Мислев некогаш, можеби тој беше вреден за животов сив. Можеби таа капка љубов ќе беше исцелител на некојаси несреќа всадена длабоко во ова срце кое да сака не знае веќе. Ама, тој поглед, другарке, не знаеш.. Тој поглед за мене лек беше. Не мораше мој да биде. Тој мој беше и кога друга девојка покрај него стоеше. Тоа не смеев јас да бидам. Ми припаѓаше кога нашата песна немо ја слушав и несвесна за светот околу мене, легнував болна и станував среќна истовремено. Морав да бидам негова без да го допирам. Да му припаѓам без да го љубам. Друг да љубам, а него да го сонувам. Во огледалото на мојот лик да го огледувам. Ме праша тивко што чувствувам. Јас се насмевнав нежно и горчливо. „Зарем не знаеш?“ -беше мојот одговор. „Зарем милион погледи не те направија да се чувствуваш како единствен? Зарем илјада болки не те направија да се чувствуваш бедно? Не ти беше ли жал?“ Воопшто така не заслуживме. Еден за друг бевме створени, осудени на несреќа, која тивко разјадува, како капка која брег рони.. Никогаш твоја- беше моето презиме. А моето име, на дланките му го запишав. Со невидлив конец кон срцето го припив. Некогаш... Засекогаш. Времето ќе отиде. Ќе заминам и јас далеку. Ќе го побарам. „Врати ми се, ќе речам.„ Паметот го изгубив, морам срцето да го слушам. Врати се проклето, нема погрешно време. Нема погрешни луѓе. Има само љубов. Има само сега. Има само вечност!“

-Кристина Цонкинска, 2015



Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..