Posts

Showing posts from August, 2016

Друг ќе ме има

Image
Ама друг ќе ме има! Друг ќе ме има додека тебе други те имаат. И ќе мислиш дека те заборавив, и ќе сакаш да ми се одмаздиш, и без мене ќе продолжиш. Ама, сè ќе ти кажувам. Сите приказни и малечки лаги, и големи вистини. За тебе ќе се радувам. За твоите нови љубови ќе наздравувам. И кога чашата ќе ја подигаш, под очи скришум ќе ме погледнуваш. Бидејќи ако наздравувавме за нас, насмевките поискрени ќе беа, допирите потопли ќе беа, дланките позагреани, срцата поисполнети. Вака, додека наѕираме во полупразните срца, низ до врв полните чаши, и двајцата длабоко ќе жалиме. Ама, ќе се насмевнам. Ќе се преправам дека не е ништо, ќе знам дека некогаш ќе се сретнеме пак. Ќе се сретнеме тогаш кога ќе сфатиме дека животот е премногу краток за да не бидеш со оној по кого копнееш. А таа средба ќе биде најубава. -Кристина Цонкинска, 2016

Сама без тебе

Image
Го истетовира твоето име по цело мое тело. Ги потроши усните запечатувајќи ги нашите спомени, и чувствата од кои ми гореше тлото под нозете. Ги исцрта твоите совршени парчиња низ мојот врат, посипувајќи ја среќата како ѕвезден прав низ моите темни прамени коса. Ми кажа дека ова е засекогаш, ама дека мора да заминеш. Ми кажа дека ќе се сретнеме повторно, бидејќи со бакнеж сме се разделиле. Не ми кажа каде заминуваш, никогаш. Само силен стисок на мојата рака, на која со уште посилен ми возвраќаше. Те сакав најмногу од сите претходни. Те сакав повеќе од сите сегашни и идни. Те сакав како овошје од градината кое не смеам да го скинам. Ме лечеше со бакнежи, секој дел го заши, го закрпе со прегратки. Веќе ништо не ме болеше. Само коските ми се поместуваа од нежностите сокриени во твој допир, само кожата ми се ежеше како сред најстудена зима. Бев најсреќна, но никогаш тоа не го дозна. Никогаш не дозна дека јас и ти сме вчера и утре. Тенки нишки ги испреплетуваа нашите судбини, нашите тела, т...

Извини, не планирав дека сè ќе ми постанеш

Image
Сè уште исто чувство кога во таа соба влегувам, низ времето застаната, и жарчињата по моето тело ме горат како тазе раскрвавени рани. Времето како да се смрзна и на мојата појава престанало да реагира. Те гледам како скришум се смееш, нешто зборуваш, смеа пак. Тишина. Те гледам и хипнотизирана од твојата појава, што зборуваш не слушам. Знам само дека го губам тлото под нозете, ама пак оживувам како за инат на судбината. Предизвик заглавен меѓу растојанието помеѓу нас кое врескаше да не се приближувам повеќе. Опасно беше. Сега кога влегувам гледам само демони кои ме носат надвор низ вратата и ми велат да не се насмевнев никогаш. Ме тераат времето да го вратам и ништо да не почувствувам кога првпат те видов. Се противам и прифаќам истовремено. Веќе како сеедно е кога те нема во близина. Прифаќам назад да се вратам, ама сега само посилни емоции како бранови ме исфрлаат кон твоите дланки чиј трепет го чувствувам. Срцето ми крвари повторно како овојпат да е време да си одам. А, данокот на љ...