Сама без тебе
Го истетовира твоето име по цело мое тело. Ги потроши усните запечатувајќи ги нашите спомени, и чувствата од кои ми гореше тлото под нозете. Ги исцрта твоите совршени парчиња низ мојот врат, посипувајќи ја среќата како ѕвезден прав низ моите темни прамени коса. Ми кажа дека ова е засекогаш, ама дека мора да заминеш. Ми кажа дека ќе се сретнеме повторно, бидејќи со бакнеж сме се разделиле. Не ми кажа каде заминуваш, никогаш. Само силен стисок на мојата рака, на која со уште посилен ми возвраќаше. Те сакав најмногу од сите претходни. Те сакав повеќе од сите сегашни и идни. Те сакав како овошје од градината кое не смеам да го скинам. Ме лечеше со бакнежи, секој дел го заши, го закрпе со прегратки. Веќе ништо не ме болеше. Само коските ми се поместуваа од нежностите сокриени во твој допир, само кожата ми се ежеше како сред најстудена зима. Бев најсреќна, но никогаш тоа не го дозна. Никогаш не дозна дека јас и ти сме вчера и утре. Тенки нишки ги испреплетуваа нашите судбини, нашите тела, топлината на образите кога те милував, кога те сонував, кога сакав да заспијам со твојот мирис. И сјајот на солзите кои во реалноста ме враќаа. Ми врескаа да си одам од тебе, ми врескаа да трчам, да бегам, никогаш да не ме стигнеш. Ме тераа никогаш да не дознаеш. А пола живот би дала, и би трчала, и би врискала на сред ноќ под поројни дождови. Бидејќи кожата ми венее без тие допири. Усните ми крварат често кога против себеси не можам. Проклети километри. Никогаш нема да дознаеш колку сум сама без тебе.
-Кристина Цонкинска, 2016
Comments
1) Врати се дечко
2) Повторно обединете маж или жена
3) Ако имате кошмари
4) Исцелување на ХИВ и рак
5) Моќен магичен прстен
6) Магија за среќа
7) Раскинување на опсесијата
8) Проблеми со породувањето и бременоста
9) среќен лотарски број
Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619
Post a Comment