Извини, не планирав дека сè ќе ми постанеш
Сè уште исто чувство кога во таа соба влегувам, низ времето застаната, и жарчињата по моето тело ме горат како тазе раскрвавени рани. Времето како да се смрзна и на мојата појава престанало да реагира. Те гледам како скришум се смееш, нешто зборуваш, смеа пак. Тишина. Те гледам и хипнотизирана од твојата појава, што зборуваш не слушам. Знам само дека го губам тлото под нозете, ама пак оживувам како за инат на судбината. Предизвик заглавен меѓу растојанието помеѓу нас кое врескаше да не се приближувам повеќе. Опасно беше. Сега кога влегувам гледам само демони кои ме носат надвор низ вратата и ми велат да не се насмевнев никогаш. Ме тераат времето да го вратам и ништо да не почувствувам кога првпат те видов. Се противам и прифаќам истовремено. Веќе како сеедно е кога те нема во близина. Прифаќам назад да се вратам, ама сега само посилни емоции како бранови ме исфрлаат кон твоите дланки чиј трепет го чувствувам. Срцето ми крвари повторно како овојпат да е време да си одам. А, данокот на љубов како трошки по земјата останал да се бори за уште една воздишка. И пред да излезам погледот пак го бара тоа скршено огледало. Одразот го гледам и така скршена како што сум на мозаични парчиња, те сакам пак и сите ги обвинувам што мој не си. Еден прамен само околу твојот прст. Ветрот да дуваше толку силно немаше океан да создаде измеѓу нас. Ме гледаш и преку океанот. Чувствувам бидејќи само од тој поглед цела треперам. Извини. Извини. Не можеш да срцето да му кажеш како. Џабе со висок тон му зборуваш. Извини, не планирав дека сè ќе ми постанеш.
-Кристина Цонкинска, 2015
-Кристина Цонкинска, 2015
Comments
1) Врати се дечко
2) Повторно обединете маж или жена
3) Ако имате кошмари
4) Исцелување на ХИВ и рак
5) Моќен магичен прстен
6) Магија за среќа
7) Раскинување на опсесијата
8) Проблеми со породувањето и бременоста
9) среќен лотарски број
Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619
Post a Comment