Златната рипка

Често знаев да му кажам дека јас сум неговата златна рипка.Трагајќи по немирните бранови на својот сопствен свет,му се предадов безусловно,му дозволив да ме задржи во своите раце иако снемувајќи воздух бедно се борев да живеам мртва поради него.Безброј желби му исполнував,посакувани,изненадувачки..Но како што би се рекло човековата алчност нема граница,така тој ја истисна до капка онаа живост во мене.Бев целосно немоќна да владеам со моите чувства.Ме користеше како амајлија за среќа,кога ладнокрвно одеше да ги лови оние останати невредни рипки во водата.Никогаш не сфати дека нема да најде некоја налик мене.Дури и сега ,од далечина го гледам како немо седи над морето чекајќи некоја која би ме заменила.Доволно сила собрав да се слизнам од неговите раце.А тој,ако ништо друго барем ми ја исполни онаа единствена желба, ме врати онаму каде припаѓам далеку од неговата неверна душа.

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..