Една фотографија

Дали некогаш се прашуваш што остана после нас ? Освен душа празна, срце како скршено огледало кое не се стреми да ги состави своите делови ,избледен поглед ,присилена насмевка.. И уште нешто. Една веќе избледена фотографија. Знам дека ти стои таму некаде во најнедостапното коше од твојата соба. И знам дека често се обидуваш прикривајќи го погледот од неа да не се сосредоточиш на мојот лик . Но ти ја гледаш. Добро знам колку многу ја гледаш додека не почнат да ти натежнуваат солзи на очите .Потоа повторно се насмевнуваш мислејќи дека оставаш впечаток на рамнодушност .Погледот мој сеуште ѕирка од тоа парче хартија ,за некого воопшто невредно ,но за нас вредно повеќе од милион животи .Често ми се случува пролистувајќи ги спомените и јас да навратам на таа фотографија .Има моменти и за двајцата кога толку наивно мечтаеме дека повторно би биле дел од некое ново насликано уметничко дело ,но овојпат со рацете на една безусловна љубов. Верувај ,мојата фотографија беше насликана со најискреното жарче во моето срце ,со целосната топлина која тежнееше по крајчињата на твоите јаглени очи .Не ме обвинувај што не успеав да го облеам и твојот дел на сликата со мојата љубов. Да можев би ја засадила љубовта во твоето срце создавајќи го ланецот на среќа, но и тој би го искинала твојата немилосрдна ,а за мене сепак најнежна рака. Но едно е сигурно, ќе остане твојата љубов на хартија врежана толку ладно како и самата фотографија, а моето срце ќе ја топли со својата невина ,детска љубов претставувајќи една светлина забележлива во целиот универзум.

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..