Студот -мрачна опсесија за едно срце

Одненадеж, топлите зборови се претворија во ладни, по некоја случајност пропорционални со временските услови .Додека е топло секогаш радувајќи се на сонцето рацете ги испружуваме и посакуваме да не понесе таа небесна магија ,но кога веќе знаеме дека студот почнал да владее со нашите сетила ,трагаме по нешто што може да не заштити барем за момент. Но знаете,од преголем студ нема заштита . Едноставно се тресиш со целото тело крај она жарче кое што останало да грее мислејќи дека можеби ќе се случи некое чудо и повторно ќе се разгори и ќе ти измами насмевка гледајќи го како се издигнува тој пламен. Реалноста е поинаква. Колку ли начини потребно е да бараш да се разгори тој оган, кога крај себе немаш ништо? Немаш никој кој би ти помогнал да се распламти тој жар. А некогаш ,до тебе беше ТОЈ ,заедно се греевте над врелиот гејзер од емоции чекајќи го со нетрпение секое ново утро. Но ,сега си само ТИ .Се откажуваш,го изложуваш своето тело на тој мраз ,дозволуваш да ти навлезе длабоко во коските и да ти ја замрзне крвта .Да те направи да не чувствуваш .Последичното допрва доаѓа, колку е тажно кога човекот останува без чувства ,кога го боли студот во душата ,а се околу себе грее со насмевка. Кога солзата неможе да се слее и останува да тежи длабоко во простата егзистенција на својот жртвуван организам. И како за инат, се се собира ,се натрупува без тебе ,но ништо не те допира. Леденото срце не апсорбира ниту зрак светлина .Тоа срце е веќе одамна скршено огледало ,кое дури и да се состави не би ја имало некогаш истата форма и погледот во него не би наликувал на онаа првобитна состојба .Некогаш многу топлина постоеше во тоа срце, знам премногу љубеше и премногу сакаше ,но исто така премногу изгуби,што е доволна болка за два животи .

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..