Еден свет

Постоеше едно единствено место на светот каде посакуваше да се разбуди сред ноќ и толку поспано да се припие во неговата прегратка. Сега тоа место знае само за два парфеми со мирис на болка. Постоеше само еден свет во кој би се родила повторно само за да ги доживее истите моменти .Свет чиешто небо сега знае само за дождови. Постоеше само една улица, на која врежани нивните имиња ,сеуште ѕиркаа барајќи трошка надеж. Таа улица сега толку напуштена знае само за осаменост. Постоеше само еден расказ ,за кој никогаш не собра храброст да ја стави точката на последната реченица .Расказ кој изморен од ставање запирки знае само за немоќност .Постоеше само еден повик во раните утрински часови кој и ја носеше првата насмевка секое утро .Сега телефонот знае само за болката на будењето. Постоеше само еден збор, никогаш неискажан повеќе .. Тој збор знае само за тапа болка во грлото .Постоеше еден град, еден толку проклет град што ги спои нивните срца ,а сега е толку празен и знае да зборува само за спомени ,во глувите ноќни часови. Постоеше една рака која совршено се склопуваше со нејзината .Сега таа рака модра од студ ,знае само за празнина .Постоеше еден поглед во кој нејзината слика беше најубава .Тој поглед сега знае само за бездна Постоеше еден лик на кој му долови безусловна љубов .Тој лик знае само за далечина . Бескрајна далечина, ненадминливи патишта, недобредојден копнеж и невозможен заборав .

http://www.youtube.com/watch?v=xMGlq9sVTJs

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..