Силата беше нејзиниот единствен избор

Не,таа не беше слаба. Ниту кршлива како стаклена чаша. Едноставно беше исцрпена .Исцрпена да им докажува на луѓето дека таа има нешто свое по кое што никој не смее да посегне .Да верува на слепо ,иако срцето и кажуваше дека веќе оди по еднонасочна улица. Уморна беше од целиот таков живот ,насекаде драми и лажни насмевки, злобни погледи и неискусни актери .Силата беше во нејзината чудесна природа ,која што криејќи ја се подлабоко во себе дозволуваше да излезе само онаа слаба страна . Срцето и беше преполно, но во очите светкаше навестувањето на нејзината болка. Имаше се,но онаа празнина која не знаеше од каде доаѓа ,како се повеќе да ја туркаше во дното. И како би одговорила на сите прашања, искрени и радознали ,кога и самата незнаеше што се случува со неа .Како да се навестува некоја бура, експлозија на доволно преживеаните бродоломи на таа некогаш сосем распарчена душа .Никој не можеше да ја разбере. Ниту таа самата .Но знаеше дека таа сила како бумеранг и се враќа ,што неможејќи да ја сокрие онаа слабост што останала ,дозволува да се скрши. А толку многу сила имаше во неа .Сила да живее, сила да сака ,да љуби ,да се смее. Периоди .Ништо страшно .Само сакаше да ја разберат, колку несреќи во животот повторно кревајќи ја на нозе оставиле трајни последици .А силата беше нејзиниот единствен избор !




Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..