Мојата гордост и твојата ладнокрвност

И така, одеднаш сфатив дека сакам да те гледам. Гледајќи го оној твој посебен начин на движење ,случајно нафрлувајќи се во твојот чекор, немарно да ја почувствувам онаа топлина која ја навестува твојата близина. Образите кои се збрчкуваат секогаш кога ќе се насмевнеш по некоја игра на судбината ,правејќи се толку ладен и бесчувствителен. Во еден момент добивам надприродна умешност да го прочитам она зракче на среќа додека ме гледаш. Заробена во твоите чекори, полека ти се приближувам посакувајќи да го почувствувам твоето сетило додека кожата ми врие од облак на насобрани неописливи чувства. Можам да насетам како прикриено ме мамиш да се препуштам на емоциите, се наежувам на таа нивна моќ да ме вивнат кон облаците на ова магично небо кое ноќва паѓа над нас. Се обидувам да продрам убивајќи го оној глупав егоизам и како лава да се излеам низ твоите раце недозволувајќи никогаш да престане онаа привлечна сила која отсликувајќи ја нашата натприродност упорно се труди да се пробие помеѓу мојата гордост и твојата ладнокрвност.

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..