Први март

Оваа вечер не е помалку студена од другите .Интезивниот ,а тивок ветер повторно успева да ми ги вкочани дланките од студ, да ми навлезе длабоко во градите и со својот дух да ми ги надразне усните чисто потсетувајќи се дека ти повеќе нив не ги љубиш. И срцево ми го обвиваат со ледената обвивка докажувајќи ми по којзнае кој пат, дека и крајот на зимата е доволно болен, приближно како и мојот. Со последните напори напрегајќи се да го задржи студениот бран, ја троши последната капка сила, мислејќи дека тоа е единствен начин да не го напушти вечниот пиедестал со кој владее. Мојот студ сеуште е присутен во мојата душа, би рекла дека во неа постои една исконска љубов, која не би можела да ја искоренам дури и да би живеела два живота. По некое непишано правило, зимата ете проаѓа, на прагот на мартовската променлива природа .Денеска е само првиот ден кој навестува нешто ново, но и една голема вртоглавица пред да удри топлината во нашиот мозок .Се плашам дека таа вртоглавица тешко можам да ја преболам, се чувствувам немоќно исто како и векот на зимата за оваа година. Како некој од раце да ми ја одзема целата моќ и секоја борба е непотребна. Ах зимо немоќна, предај ми дел од твојот студ за да ја замрзнам сопствената болка. Се плашам од март, се плашам од променливоста, сонце па дожд, студ па топлина, среќа па несреќа ..Сакам постојан мраз во моето срце. Сакам клуч за моите немилосрдни искуства. Додај ми марто, еден од твоите сто ума и тоа оној најстудениот, јас не го сакам твоето лажно сонце. Тоа само ми навестува дека тагата која следува ќе ја примам во дупла доза. Поминувај побрзо .. и ти и таа твоја променливост .Додај ми нешто постојано .Нешто вечно.

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..