Предоцна сфатив колку сакам да го гледам сјајот во твоите очи, додека скришум преправајќи се ладен дозволуваш да ми упатиш сеуште толку мил поглед. Предоцна успеав да дозволам чувствата кон тебе да завладеат со мене и заробувајќи ме во еден сега мрачен свет да се излеат како врел гејзер долго време сокриен. А толку многу сакав.. И кога би го поделила светот на два дела, едниот дел себично би го зачувала само за тебе. Колку и се обидувам да го избегнам тоа, во мене постои нешто што не се игнорира, нешто што веќе најавува колку силно почнав да те сакам. А никогаш не прифатив, нема ни да прифатам. Знам дека е доцна, можеби и премногу глупаво да се потрудам, исто знам дека можеби веќе јас не постојам во твоите бранови на среќа..Но мојата душа стравува од тоа дека сега е моментот кога ти ми требаш највеќе од се друго што може да се создаде. Премногу каење сега собрано ми натежнува над трепките потискајќи ме низ мракот кој ми го затвора срцето. Дали да те наречам љубов, дали да те наречам судбина или несреќа, или пак не сум заслужила ниту едно од тие..Кога би можела барем еден ден да поминам само гледајќи те, без да ми се крши телото на половина, без да ми надвиснува болката над градите, без да те посакувам толку близу, без да ми го одземаш здивот. Предоцна сфатив колку сакам да се приближам до тебе, да го земам местото на некоја невредна девојка и да те направам среќен. А знај дека отсекогаш го посакував тоа, таму некаде скриено чувство..
Ако јас сум прашање, измисли одговор..
Ако те праша.. А, ќе те прашува. Многу ќе прашува со прашален сјај во очите. Не е тој јас, ќе се интересира. Злато, нема да жалиш никогаш. Ако те праша зошто таа песна ја пееш со горка сласт на усните, потисни го под забите мојот лик, проголтај ме, излажи. Речи дека ти е омилена. Не кажувај зошто. Речи му дека на него те потсеќа. Речи дека со таа песна ти влегол во срцето. Ако те праша од каде тој сјај во очите додека тивко стиховите ги шепотиш, прегрни го. Тивко за мене заплачи и речи му дека си среќна со него. Тогаш и за мене насмевни се. За мене и за оние што ме љубат, бидејќи ти никогаш не беше дел од нив. Повторувај си дека ме мразиш. Навидум и треба. Јас сум тој кој се лажеше дека никогаш нема срцето да ми го кочат тие твои зелени очи. Те слушав, во далечини како објаснуваш, со рацете мавташ, со гласот ги сопираш другите да зборуваат. Грутка во грлото ми застануваше. И, ќе се појавев. Како гром од ведро небо, како цвеќенце кое од под снегот подига глава. Јас сакав да те гал...

Comments
Post a Comment