Ти простив се

Ти простив се. Празното место на секоја слика што го чував за тебе. Ноќите кога никаде те немаше. Разговорите кои ги избегнуваше. Зборовите кои некогаш не ги чув. Изговорите кои ги измислуваше. Средбите кои ги премолче. Лагите кои ги обелодени. Рамнодушноста на која не потклекна. Допирите без љубов. Ветувањата кои никогаш не ги исполни. Што друго да ти простам ? Бедното изневерување на секој чекор, скриено од мојот поглед залутан кон нашата иднина ..Обвинувањата кон мене и она твое „промени се“. Бегањето од сопствените грешки. Трчањето во прегратка на друга, тогаш кога најмногу ми требаше. Уште колку грешки да ти простам? Уште колку пати да ја повредам сопствената суета преминувајќи го лабавиот мост над морето од мојата иднина ? Кажи ми, уште колку пати немилосрдно ќе ја повредиш девојката која за тебе се предаде себеси пред Бог и пред сите.. Уште колку место да направам во срцето за да ги претворам твоите гревови во благодети ? Уште колку ?
http://www.youtube.com/watch?v=ZaJ_ub9ps58

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..