Зошто си несреќен, најмил мој ?
Љубов, зошто гледам тага во твоите очи? Се сеќаваш дека ти ме пушти да си заминам? Како што сонцето изгревајќи ги трга завесите на ноќта, така ти ги затвори завесите на своето срце онаа ноќ кога ме истера од себеси. Твојот период на среќа настапи речиси истовремено со мојата несреќа. Исплакав море од солзи, океан од болки, планини изградив таложејќи ги своите тешкотии.. Додека ти сееше насмевка и топли зборови кон личности кои никогаш не биле предмет на твојата доверба, ниту објект на твојата љубов.Ги затворив ширум капиите на мојата душа, не дозволувајќи низ неа да навлезе ниту капка топлина. Барав утеха низ појави и ликови на кои никогаш не би им прушила рака за помош. Ги изгубив сите пријатели и го сменив однесувањето кон оние кои ги сакам. Станав кршлива и нема. Болна и напуштена. А ти , засади градина со цвеќиња, се искачи низ скалите на успехот. Најде и други очи кои те грееа низ темните одаи на ноќта. Им даде се што никогаш јас нема да го имам. Им понуди се што јас сакав да имам, но никогаш не го добив. Среќата седеше на твојот пиедестал, додека моето срце само на празнина мислеше, капаците на очите ми стануваа тешки за отворање. Ми тежеа премногу. А сеуште те љубев, сеуште те љубам, не е вредно да лажам. Ти засади нов свет во кој јас бев само бедна силуета која ја пратил животот во сенката на минатото. Солзите ги подари на друга, дланките ги пружи кон календарот на твојот нов почеток. А проклета да сум јас, што верував во нас. Незнаев за крај..
А што се случува сега со тебе, најмил мој?
Comments
Post a Comment