Крилјата на копнежите

Ми ја одземаш цела можна инспирација. Сеуште гледам во вратата низ која замина оставајќи траги на подот, и на моето срце, засекогаш. Заглавена меѓу временските интервали кои се испомешаа и почнаа да поминуваат премногу споро откако те нема. Гледам низ прозорците на мојата празна душа, која веќе не се отсликува низ одразот на огледалото на среќата. Ми ја погазуваш целата сила со која веќе се стремам да тргнам напред. Погледот сеуште не издржува, а да не се заврти назад гледајќи го празното место на кое тебе те нема. Ме фрла во очај сеќавањето дека нашето место е сега празно, и чува во себе само избледени спомени. И моето тело е немоќно да се бори против тебе, бидејќи те има во целост. Те има повеќе тебе отколку мене, а моите атоми се неспособни да се оттргнат од твоите сеуште останати привлечни сили. Тоа ми ја предизвикува оваа длабока тага, која секогаш ќе ми се навраќа, со летот на ластовичките кои веќе се враќаат во своите краеви. Доаѓаат без тебе, а ми ја носат твојата љубов низ крилјата на копнежите.

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..