Задоцнетиот должник



 Ми должиш премногу. Милион прегратки во глувите часови на ноќта додека ѕвездите запаѓаат во мирен сон. Бакнежи од кои ми застанува здивот и ми трепери цела снага. Насмевки кои ме поддржуваа во секоја моја одлука. Карањето кога не сум во право и напорите да ме убедиш дека грешам. Лутењето кога претерувам и слатките скришни погледи додека си лут. Задоволството што го наоѓаш кога знаеш да ме нервираш до болка, а потоа со едно развлекување на насмевката ме смируваш и ме тераш да заборавам на се. Инаетот што го имаш додека се караме кој кого повеќе сака. Твоето тајно доаѓање кое ме излудуваше од среќа. Најмногу ми го должиш твоето присуство. Да бидеш тука кога си ми најпотребен, да ме утешиш кога се наоѓам во некој валкан период од мојот живот, да ги бришеш моите солзи, да ги споделуваш со мене најсреќните мигови.. А љубовта. Неа не ми ја должиш, ми го должиш само нејзиното докажување и малите знаци на внимание кои се повредни од било што. И да, половина живот среќа кој безусловно го потрошив за тебе.

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..