Твоето засекогаш

-Колку ме сакаш? Го праша со онаа детска насмевка додека стоеше припиена во неговата прегратка.
-Мала, го гледаш ли дното на реката? Замисли тоа да е еден огромен океан.. Почни од неговото дно и заврши се до крајот на вселената ..Толку.
-Но вселената нема крај, дали тоа значи дека твојата љубов кон мене ќе биде бескрајна?
-Точно така, рече бакнувајќи ја во челото. Ти и јас засекогаш.
Во тој момент се почувствував како никој да не може да ме раздели од онаа негова силна прегратка, од негивиот лик, од неговиот поглед, да ме оттргне од неговите очи..
Но се лажев, неговата љубов отсекогаш била ограничена.
За разлика од мојата, во која немаше ограничување, ниту почеток, ниту крај. Таа беше таква, безусловна, безвременеска, беспросторна.. Кротка, смела, силна, незапирлива, нераскинлива.. Неколку пати се запрашав зошто тој не ми го постави истото прашање, но има некоја логика во тоа да не поставуваш прашања кои немаат соодветен одговор. Тој секогаш го знаеше тоа, знаеше дека за него би лутала насекаде низ светот само ако ме чека со расширена прегратка некаде насреде некоја пустина или океан. Затоа никогаш не собра храброст да ме сака. Во таа област на секој начин би издвојувала победа. Но завршив поразена..

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..