Неуморливото чекање


Еден ден ќе ми се вратиш. Со онаа развлечена насмевка ќе се појавиш за да ме шармираш со еден единствен неодолив поглед. Што е најболно, се би ти простила во истиот момент. Јас застаната на оној праг кој го прават годините залудно обидувајќи се да се надминат една со друга, чекам само за помине времето. И се молам да минува побрзо. Да расцутат сите цветови, да се појави пеколното сонце, да дојде уште една есен, уште една зима. И ти да ми дојдеш. Деновите не се битни, ги поминувам некако, се смеам, среќата ја барам во малите нешта. Но онаа празнина ми надвиснува над срцето и го чека твоето срцебиење да ми го стабилизира ритамот на отчукувањата. Знам дека ќе ми се вратиш.. Растргната помеѓу љубовта и гордоста ја ширам прегратката на твоето доаѓање. Знам дека мирисот на лето ќе те потсети на мене, ќе ти врати еден дел од врелите чувства кои ги поседувавме топлејќи се покрај ладното море. Брзото возење и брзите бакнежи, спорите и долги разговори во доцните ноќни часови. Студеното пиво во жешките летни ноќи. Зарем нема доволно спомени кои ќе те натераат да ми се вратиш? Да дојдеш во тој проклет град кој сега го проколнувам повеќе од било што. Бидејќи тој не спои, но и не раздели. А јас како да сум вечно неуморна.. сеуште ми пресконува срцето кога случајно ќе замислам како доаѓаш, додека те чекам на она наше место......

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..