Таа е неспособна да те замени
Можеби и беше поубава од тебе. Можеби имаше поубав стил, подобро се облекуваше, повеќе се шминкаше..Можеби повеќе се трудеше да ме заведи, беше поистакната од тебе и повеќе ја посакуваа ..Секогаш ми пријдуваше без да размислува, ме бакнуваше пред кого ќе посака и немаше срам да признае кога посакува да ја помине вечерта со мене. И да, и јас со неа бев друга личност. Можев да и кажам се што ќе посакам, никогаш не бирајќи зборови, можев да ја понесам со било кое друштво и на било кое место. Никогаш премногу не се трудев дали ќе заборавам да и се јавам, ниту какво расположение ќе владее со неа денес. Не се будев среде ноќ само да и го слушнам гласот ниту ме обземаше кошмар при помислата дека не сум доволно добар за неа. Да, ми се допаѓаше ..Можеби и многу. Ме воодушевуваше со убавината, и ме радуваше нејзината појава. Но, кога ја бакнував неа..пред моите очи секогаш излегуваше ова твое лице, твоите толку несовршени, ненашминкани усни, разбушавената коса кога стануваш од спиење, онаа вистинска ти. Кога ја гледав неа како зрачи, ти секогаш стоеше пред неа чисто заматувајќи ми го погледот и избледувајќи ја нејзината убавина. Кога легнував на перницата сеуште го чувствував тој твој парфем, со немири во ноќите се будев барајќи ја онаа топла рака да ме прегрне најсилно. Често од болка посакував засекогаш да ги затворам очите, само да не се разбудам кај друга. Срцето ми се стегаше кога гледав како доаѓа накај мене, толку прекрасната девојка, но толку невредна во споредба со тебе. Ми фалеше ти, во секој момент што го поминував крај било која друга девојка. Ми фалиш и сега, ми фали твојот глас да ми посака добро утро, да ми посака добра ноќ, ми фалат твоите солзи кои секогаш ти бришев иако знаев дека јас сум причината за нив. Ми фалат долгите разговори, ми фали твоето лутење, твоето напразно зборување дека не те сакам.. Ми фалиш денес, знам дека ќе ми фалиш и утре. И засекогаш. Без разлика која да влезе во мојот живот, ниедна освен тебе нема да остане во срцево на начин на кој ти остави трага. Секоја друга е неспособна да те замени.
Comments
Post a Comment