Зошто ме бараш повторно?

Не успевам да си одговорам на прашањето кое веќе со денови го поматува мојот мозок, не дозволувајќи ме да станам способна за светот околу мене, заробувајќи ме длабоко во сеќавањата на едно минато во кое би патувала без повратен билет.
Зошто ме бараш повторно? -Ми одѕвонува во ушите, сега веќе и во сите сетила и го преокупира моето тело со треперење и немир правејќи ме понемоќна од било кога.
Сигурно повторно доаѓаш со сервирани лаги на послужавникот, чекајќи самата да ја разнишам масата и да се скрши чашата стакло на мојата доверба. И јас, толку наивна глупачка ги раскрвувам рацете градејќи ја упорно таа мозаична чаша трудејќи се да не останат празни места во нејзиниот состав. Ме бараш зошто знаеш дека сум способна кога се работи за тебе да составам кула од карти на најсилниот ветер и повторно неуморливо да ја градам со надеж дека следниот ветер ќе дува од јужната страна и ќе донесе топлина во твоето срце.
Свесно ги пружувам своите дланки за да соберам доволно од твоите камчиња песок, кои подоцна знам дека земајќи ги од моите раце ќе ги фрлиш некаде насреде морето. А јас, заслепена будала повторно се нурнувам во водата трагајќи по едно камче-доказ за твојата љубов кон мене.
Зошто ме бараш повторно? Затоа што сум блесава кретенка оболена од љубовта кон тебе. И нема терапија која би ми помогнала да оздравам...


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..