Кога почнам да пишувам за тебе..


Кога почнам да пишувам за тебе, најчесто сето тоа го бришам. Како да губам свест, или најлогично губам зборови со кои би се искажала на оној начин на кој моето срце заигрува при секоја помисла на твојот лик. Незнам како се појави, најверојатно сосема одненадеж, или можеби подолго време пред да успеам да те забележам. Но знам дека твојата појава носи нешто што дозволува срцето да затрепери како никогаш претходно. Голем сум слабак кога зборувам за тебе. Едноставно и неможам да зборувам. Незнам што се случува сега со мене, најмалку пак што се случува во твојата душа, ниту знам што сме сега ние. Незнам дали воопшто може да се каже дека сме нешто. Можеби си свесен ми го запираш здивот при секоја насмевка што успеваш да ми ја упатиш. И тие неколку заеднички моменти се нешто што всушност го премотувам како расипана касета постојано низ мојата глава.Незнам како да те наречам тебе. Не си ниту мојата љубов, ниту мојата болка, но нешто што тече низ моите вени. Светлина која секогаш ме подига на нозе и ми ја дава смислата за една навидум глупава избезумена среќа. Премалку се зборови за да се искажам најпрво на самата себеси што ми значиш ти, премногу тешко е да сфатам што ти значам јас. А премногу е лесно да уживам во твоето присуство.







Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..