Престани, проклет дожду !


Отсекогаш го мразам овој проклет дожд
и оние капки кои се лизгаат немирно по моите раце.
Со него започнува да владее
мојот немир во душата.
Моите чевли се сега потешки од било кога,
чекорите се болни и бавни.
А јас се присетувам на мојата болка.
О, проклет дожду, повторно ли доаѓаш
да ми измамиш
дека мојата болка ќе се измие
со таа твоја гадна вода?
Повторно ли ме потсетуваш дека патам ?
Сакаш ли да ми докажеш
дека си ист како моите очи
и чувствуваш потреба да се
слееш надолу низ моите образи?
Немој дожду, немој да бидеш придружник
на овие со болка натежнати солзи
кои си ветив дека нема да излезат.
Немој да им бидеш сојузник кој
им дава лажна надеж за
пресушување на изворот,
немој да бидеш емпатичен на нив.
Тие ги заробив длабоко под емоциите.
Сонував да пресушат.
Да ги грее сонцето.
И да се претворат во голема песочна пустина.
А сега ги дразниш од нивната длабока внатрешност.
О за Бога, престани проклет дожду,
не дозволувај ми да се погазам пред себеси,
не ги навлажнувај моите образи,
тие ми должат едно исполнето ветување.
Скриј се под зраците и внеси топлина во моите темни одаи,
отвори ги прозорците на моето срце.
И не продолжувај да се лееш над мојата судбина,
не ги пуштам да излезат,
тие ах, проклети капки на несреќата..

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..