Затворениот случај

И те барав, во сите други момци. Барав една црта која личи на тебе. Без разлика дали тоа беше влакно од веѓата или дупче на образот. Те барав низ мориња и езера, низ пустини и реки, низ мојот ум и мојот заборав. И барајќи те, го изгубив трагот кој потсеќаше толку длабоко на тебе. Доказите се намалуваа, се натрупуваа нови случаи, нови досиеја и подрачја во мојот живот. А таа папка морав да ја затворам.
Не знам ни ден денес како да се оправдам кога ме прашуваат за неа. „Само затворен случај“ знаев да промрморам „ случај кој остана нерешен“. Денес би рекла дека веќе е заборавен. Емоциите спласна, надежта исчезна. Листовите хартија паднаа на подот во некој заврлен ќош. Ретко се случува мојот поглед да залута таму, солзите да ми натежнат чисто потсетувајќи ме дека сум доживеала пораз. Пораз кој останал во дното на мојата душа. И нема да се осмелам повторно да ги вратам оние веќе пожолтени страници на мојата работна маса. Така би се натерала себеси да излезам од оној ќорсокак и да почнам од почеток. А некогаш најдобро е да се остават работите такви какви што се..И какви што требало да бидат.
-Кристина Цонкинска, 2014

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..