Кој ми те краде оваа ноќ?


Ми те крадат ѕвездите, пробивајќи ја својата светлина несебично низ тие смарагдно- зелени очи. И сонцето, кое свесно те оспособува со неговиот зрак внесувајќи топлина во твоето тело. Те краде дури и небото од моите раце, знае да те однесе кон облаците, намерно инспирирајќи ме кон едно вивнување во границите на бескрајноста. И завидувам и на месечината. Често знае да те одвлечка во тајните одаи на ноќта, далеку зад завесите на мојот поглед. Ми те зема и утрото. Секогаш осамнува на твојата постела тивко галејќи го твојот образ додека ги отвораш очите будејќи се од сон. И соништата ми те крадат..Те крадат како само далечна слика од реалноста која ја замислувам јас. Воздухот го одзема секој твој здив, наместо моите бакнежи. И кислородот кој навлегува низ твоите гради те чувствува поблиску отколку мене во овој момент. А да не се присетувам која сега заспива во твојата прегратка и те има на начин на кој јас никогаш не те имав. Секој дел околу мене е себичен. Не ми дозволува да ти припаднам. Ти, не ми дозволуваш да ти припаднам. А знам, знам дека оваа ноќ некој ми те краде .. 

Comments

Popular posts from this blog

Ако јас сум прашање, измисли одговор..

Господин Вистински..

„Странец во ноќта“