Затвореник осуден на вечна борба со сам себеси


Ја затворив вратата..Се обидов да го стишам и најтивкиот молк којшто доаѓаше од онаа просторија која ја оставив зад себе. Да признаам, таа беше катче од мојата околина каде се чувствував најисполнето. А види ме сега, го победив искушението. Не застанав ниту да ѕирнам низ провевот на воздух кој сеуште мириса на твоето присуство. Клучот се заврте низ бравата. А еден најверојатно неколку тони тешок талог на болка налегна над мојата душа. Минуваа денови, а јас не се ни обидов да се поместам од првобитната положба. Само немо седев и губејќи го кислородот од моите бели дробови, чувствував како се повеќе пропаѓам во сопствената бездна. Над моите очи темнината надвладеа, а капаците станаа тешки за подигање. Не ги слушнав твоите чекори на другата страна од проклетата капија која ме претставуваше како затвореник кој е вечно осуден на борба со самиот себеси. Но тебе те нема. А толку многу пати се појавуваш низ оваа просторија. Се појавуваш така како и првиот пат. Со заводлива насмевка, ме подигаш во раце и ми кажуваш колку е возможно да се држи сопствениот свет во две раце. Потоа трчаме на ветерот, тој ја мрси мојата коса а ти водиш немирна борба со моите разбушавени прамени кои не ти дозволуваат пристап до моите усни. Видео касета ли е оваа темнина, или мапа на мојата судбина? Зошто стално ми го повторува филмот докажувајќи ми дека тоа беше единствената станица на која бев среќна? Мојата патека тука престана да се разгранува. Станав само беден затвореник осуден на доживотна љубов, кој ги има само сеќавањата на својата дланка. Боже, ова катче толку многу ме измачува. Ме изнемоштува и ја црпи целата енергија од мене. А овој праг на затворената врата не смеам да го пречекорам. Само како невидлива сенка некогаш би навратила таму, единствено да видам како мирно спие без да ги гледам грижите на овој свет преточени над неговото лице. И како претпазлив крадец да украдам барем еден негов сон.. 

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..