Сложувалката на совршенството

Сакам да пијам кафе сред бел ден седната на терасата од некој удобен кафич уживајќи во музиката. Сакам дискотека преполна со луѓе и разиграност до бескрај. Сонце кое свети силно и ме принудува да ги ставам очилата и да изигрувам некоја „типка“.
Фармерки во кои ќе се чувствувам удобно додека ветерот ми ја разбушавува косата и она олеснителна пријатност што следува потоа. Ме излудува кога мојот стомак е прилично рамен на прилепеното фустанче, а штиклите ми се премногу високи и премногу удобни. Парфем кој се чувствува на сто километри. Што ми причинува друго задоволство? Одморот во училишниот двор, и клупите на кои седам премногу опуштено и немарно за тоа каде се наоѓам. Омилените смоки од кечап од кои и триесет пакетчиња не би ми биле доволни. Добра книга и кафе со пријателките. Го сакам и хороскопот кога знае да ми погоди датуми и настани. Обожавам кога налетам на некоја личност толку случајно, а останувам толку пријатно изненадена. Радост ми причинува кога гледам колку лица можат да се пронајдат само во неколку мои вкрстени реченици. Знаете што?
Седнете да направите листа колку работи во животот може да ве израдуваат. Верувајте, списокот е огромен. Зошто тогаш несреќа, зошто тага? Моментите се парчиња од сложувалката совршенство :))

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..