Губитник
Која е таа?
-Девојката на мојот живот.
Ти си голем среќник, пријателе. Ваква убавина тешко е да припаѓа доживотно во нечии раце.
-Јас сум најголемиот несреќник што се родил на овој свет.Таа убавина можев да ја чувам засекогаш, да ја покажувам на сите и да се фалам со неа. Тој карактер, таа достоинственост и женственост, гордост и инат, љубов и внимание целосно го добив за себеси. Ги добив и оние мали моменти кога едвај чекав да ми се налути само за да ја смирувам со бакнежи. Сите глупави реакции кои ги правеше преправајќи се дека е љубоморна или кажувајќи ми во лице колкав идиот сум.
Ми се остварија безброј повици во доцните часови на ноќта на кои јас никогаш не одговорив. Онаа грижа кога ми фалеше барем влакно од мојата коса и залудните обиди да ме насмевне кога бев нерасположен поради некоја друга девојка.
Да пријателе, јас сум губитник. Љубев други, сите мои ноќи ги посветив заведувајќи небитни кучки од кои добивав само по неколку брзо заборавани бакнежи. Своите комплименти ги делев на девојки кои никогаш не би можеле да бидат споредени со неа. А таа, упорно веруваше во мене. Веруваше дека се наоѓам само во период кога моето расположение опаѓа поради другите проблеми кои се наоѓаа во мојот живот. Даваше се од себе да ми помогне. И да ја убие тагата од моето лице.
Но, не сфати. Ниту се посомнева дека бедно ја изневерувам до таа мера што почнува срцето да ми се кине на делови во моментите кога сфаќав дека таа ми е се.
И ден денес не го порекнувам тоа дека моето срце чука само за неа. Но ја пуштив да си оди. Заслужила признание за среќа дупло повеќе од мене. А јас, јас сум само обичен губитник.. Дефиницијата за губитник најдобро ме опишува, пријателе..

Comments
Post a Comment