Кога го видов и не почувствував ништо
Кога го видов и не почувствував ништо, се исплашив. Се здрвев во место и стравував од помислата дека веќе ми е сеедно дали го гледам сам или со друга, дали среќен или тага наѕира од неговиот поглед. Не бев мотивирана и заведена од неговиот поглед, не бев заразена веќе од неговата насмевка. Само го гледав странецот кој стоеше пред мене и се чудев. Не верував дека ќе дојде денот кога кругот навистина ќе се заврти. Кога на неговите топли прегратки ќе возвраќам со прегратки полни со студ. Не очекував дека додека стои до мене и ме држи за рака, јас ќе лутам некаде далеку со мислите, ќе сонувам за нови светови и ќе замислувам нови желби додека ги гледаме ѕвездите. Сега почнав да го разбирам, почнав да сфаќам како се однесува човекот кога не чувствува. Тој почна да ме разбира мене. Почна да го нагризува мојата болка, да му се сервира мојата тага. Ништо страшно, само ги сменивме улогите. Сега знаев колку е лесно да го оставам, а колку непотрено да се борам. Го чекав овој ден за да се уверам во тоа.

Comments
Post a Comment