Не ти се враќам!
Ме бараш откако немаш со која? Откако милион порази избројав само за да те задржам покрај себе? Ме сакаш сега? Ме сакаше дури и тогаш кога ме издаде ? Кога ме изигра и ме заменуваше со милион други? Сега ли вредам? Или да, отсекогаш вредев повеќе од твоите љубовници со авантуристички дух избројани на прсти..Или да, тогаш демек си немал мозок за да сфатиш, си згрешил, кутриот..Треба да те жалам, нели?
Мене не ме добиваш! Ако од оваа животна лекција не сум научила ни збор залудно си ми прочитана книга. А книга на која и го знам крајот не ми е повеќе интересна. И не би ја препрочитувала! Добро ти знаеш, како да привлечеш нови читателки кои ќе те остават после две-три прочитани реченици од твојата шмекерска приказна.Мене нема да ме видиш во редот од твоите шмизли за една вечер. А знам дека сум девојката на твојот живот. Токму онаа девојка која никогаш повеќе не ја добиваш во свои раце.Ме прокоцка за ситни пари, но каматата од мене ќе те следи цел проклет живот!
-Кристина Цонкинска, 2014

Comments
Post a Comment