Најдобро е така

Ми се кине срцево, а јас се смешкам. Најдобро е така, да молчам, да собирам во себеси, а да глумам дека се' е во ред. Да те гледам како припаѓаш на други и да се чувствувам немоќна да сторам било што. А и што друго би можела? Да се отворам пред човекот кој не знае да сака? Да ти ја дадам душава која ќе ја стуткаш како парче хартија и да останам поразена? Не сум слаба. Не одбив да се борам. Само прифатив дека битката за тебе секако ќе ја загубам, на овој или оној начин. Одбрав да останам ранета наместо смртно повредена.

-Кристина Цонкинска, 2014


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..