Живеј сега!
Времето не се враќа, како и шансите. Ако денес имаш прилика да се искачиш до врвот, утре ќе добиеш карта за безбедно да отпатуваш до дното. Еден момент имаш крилја за да полеташ, а само во следниот момент ти си беспомошен ангел со скршени крилја. Ти стоиш на исто место, а луѓето се менуваат. Се издигнуваат и спуштаат, а те бараат зависно од нивната состојба. Кога се горе те понижуваат, а кога се долу те благословуваат. Не им верувај. Зграпчи го новиот ден со целосна дланка и искористи ги максимално сите нови шанси. Надополни го она што го пропушти и поправи го она во кое сметаш дека си погрешил. Упорноста секогаш се исплаќа. Пријателите остануваат секогаш или исчезнуваат засекогаш. Секој избор е твоја предност. Лошиот избор е само добро искуство. Запомни ја својата вредност и не дозволувај нечии постапки да те омаловажат пред сопствените очи. Животот е само една голема лекција. Можеби е најстрогиот учител, но секогаш те тера да положиш со вредна оцена. Единственото што ти останува е редовно да ја следиш плимата и осеката која ти надоаѓа, за да знаеш на кој начин да ја пречекаш. Некогаш со дигната глава, а некогаш со растреперени раце. Во секој случај, ти си победник. Борбата означува дека си жив, дека постоиш, дека не се откажуваш. А победниците никогаш не се откажуваат. Тие само го признаваат секој пораз, а го слават секое издигнување. На крајот на краиштата животот не се состои само од издигнувања. Поразите мора да го скројат твоето искуство. Она што те прави искусен, те прави поиздржлив. Да издржиш кога е најтешко, значи да останеш цврст кога е најлесно. Да не го скинеш конецот кога е најлабав. Уживај со полна пареа во настаните што те опкружуваат. Животот не е краток. Кратко е времето кое ти преостанува. Не чекај многу за да направиш нов чекор. Направи го тоа сега!
-Кристина Цонкинска, 2014

Comments
Post a Comment