Ако некогаш се сретнеме

Ако после неколку години случајно ме сретнеш, и ако и тебе те заболи до коска оној поглед сокриен помеѓу нашите зеници, одмини ме. Зачекори со ставот дека си ја убил љубовта, одглуми среќа и не се завртувај назад кон моите успорени чекори кои те чекаат да им станеш сопатник. Само така ќе морам да се натерам себеси да продолжам понатаму, да се мотивирам кон нови одлуки, да почнам да ги потискам чувствата. Ако се издадеме дека сеуште гори искрата помеѓу нас, ќе си ги уништиме бариерите кои не штитат од меѓусебното повредување. Нели не заборави..Ние не знаеме да се бориме за нас. Ни преостана само да се бориме против нас.

-Кристина Цонкинска, 2014


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..