Ме сакаше на еден поинаков начин

Ме сакаше на еден поинаков начин. Без покажување, без доловување на смислата на таа љубов. Не беше тој од оние момци кои се јавуваа на секои пет минути за ме прашуваат каде сум и со кого сум, не ми носеше букет рози на врата ниту се тепаше со секое момче кое ми се нафрла. Не се интересираше како сум го поминала секој ден, бидејќи за нас само ноќите беа без граници. Ме бараше тогаш кога сите ќе заспијат, тогаш кога улиците беа безбедни, а часовите бавно отчукуваа само за нас. Не ми ја докажуваше неговата љубов, ниту јас некогаш се посомневав во неа. Никогаш не се плашев кога не' оддалечуваа километри, ниту се грижев дали некоја друга може да го украде од мене. Се случуваа и денови да не се видиме, да тераме инат еден на друг, да противречиме. Но после тоа само уште повеќе се заљубувавме. На еден сериозно комичен начин ми пристапуваше, јас како некоја горда лутка му се противев, а на крај попуштав. Го прегрнував и знаев дека тогаш конечно повторно мојот свет е целосен. Никогаш не ме изневери, ниту излажа. Го знаев тоа, едноставно го чувствував. Кога и да се потпрев на неговите гради, срцебиењето ми кажуваше дека јас сум единствената. Долго време никој не знаеше дека сме заедно и бевме во предност поради тоа. Никој не се обиде да вмеша прсти во нашата љубов, а кога веќе се обидоа беше предоцна да се растури сето она што го изградивме!


-Кристина Цонкинска, 2014


Comments

Anonymous said…
stefan i elena <3

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..