Секогаш едната страна останува покуса
Знаев дека ќе се сврти кругот. Знаев! Затоа и се плашев да бидам повторно со тебе. Тогаш кога твојата љубов растеше, мојата се намалуваше. Кога ти почна да ме сакаш најмногу, јас те сакав минимално. Воопшто не те сакав. Не, не беше ова страв да не ме повредиш повторно. Овојпат не ми беше важно тоа. Напротив, сакав да ме повредиш, за да знам како да те оставам. Сакав да ме убедиш дека повторно си оној истиот кој не е заинтересиран за мене и може лесно да ме замени. Копнеев да си дадам причина за да се оправдам себеси. Но, се' некако беше залудно.
Кругот се сврте и тоа триста и шеесет степени. Јас бев онаа која може лесно да замине, ти беше оној кој љубеше неизмерно и ја вложуваше секоја капка сила во нас.
Можеби е секогаш така кога сме повредени. Преболуваме длабоко во себе, а не сме свесни за тоа. Се враќаме назад иако сме продолжиле без тоа по што трагаме. Веројатно тука и најмногу грешиме.
Во секој случај, секогаш едната страна останува покуса.
-Кристина Цонкинска, 2014
Comments
Post a Comment