„Девојката со ледено срце“

Млада девојка, полна со амбиции, која верува дека пишаниот збор има моќ да го промени светот и да му додаде една поинаква и повесела боја, Кристина Цонкинска.

Таа е родена на 6ти Јануари 1997 година во Македонски Брод. Таа има 18 години. Основно училиште завршува во основото училиште Св.Климент Охридски , а понатамошното образование го продолжува во гимназијата св.Наум Охридски во Македонски брод.

Кристина, започнува со пишување од својата 13та година. Љубовта кон пишаниот збор кај неа се раѓа во моментот кога таа чувствува дека сопствените мисли и чувства се вредни за да ги преточи на парче хартија. Најмногу пишува за љубовта, за човековите мисли и чувства, како и реални доживувања со кои може секој од нас да се сретне. Инспирацијата ја наоѓа насекаде. Доволно е само парче хартија за да Кристина создаде нешто. Најчесто нејзините приказни се вистински, но понекогаш таа си дозволува да се поигра со зборовите и самата да измисли некоја нејзина приказна.



А зошто баш “Девојката со ледено срце”?

Таа вели дека верува во моментот кога човекот чувствува болка, во моментот кога човекот се чувствува повреден неговото срце се заледува, а таа најчесто во нејзините текстови зборува за повредено срце, кое откако станува заледено во него не може да влезе ниту еден сончев зрак. Отука се родило и името на нејзиниот блог и нејзината фејсбук страница.

Одлуката да направи свој блог, а најмногу своја фејсбук страница е поради тоа што смета дека треба да го сподели она што го поседува со другите и вербата дека постојат луѓе, слични на неа, кои можат да ја разберат, кои можат да ја видат суштината на нејзините текстови и да ја извлечат поуката која ја носи секој од нив.


Таа има учествувано на повеќе наградни конкурси и секако на многу од нив има осовено и награди. Го има освоено првото место на конкурсот на тема „Блаже Конески во нашите срца“ на државно ниво, исто така прво место на конкурсот „Поетското творештво на Ацо Караманов- вечен завет на една нерасцутена младост“. Оваа година таа го освои и првото место на државиниот натпревар по македонски јазик и литература.

Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..