Се заљуби во мене, затоа си најубава!
Сега си најубава!
-Сега? Досега не бев ли?
Па и не баш. Ми доаѓаше на нерви таа твоја недостижна убавина.
-Значи сепак имав убавина..
Не ми се допаѓаше таква.
-Ништо не сменив. Очите ми се иста боја, правите прамени од долгата коса сеуште ми сјаат, истата насмевка се обидувам да ја задржам..
-Но смени нешто друго. Нешто те разубави одвнатре. Некој пламен се разгоре помеѓу твоите гради. Таа твоја навидум иста насмевка почна почесто да се развлекува на нежните образи. Почна да наликуваш на пеперутка, леткаш од една мечта кон друга. Таа страна ја барав во тебе, будало. Се заљуби во мене, затоа си најубава.
-Кристина Цонкинска, 2014

Comments
Post a Comment